Одбележани осум години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце
Пред спомен обележјата во Катлановско Блаце и во касарната „Страшо Пинџур“, почит и од министерот за одбрана Јолевски, делегација од Генералштабот, од локалната самоуправа.

Цвеќе и минута молк во катлановско Блаце. Оддадена почит на 11- мина македонски мировници, кои пред осум години загинаа во хеликоптерската несреќа по враќање од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. Семејствата на загинатите мировници се уште ја прифаќаат одлуката на обвинителството дека главната причина за паѓањето на хеликоптерот МИ-17 е необученоста на пилотите за летање во сложени метеоролошки услови.
Пред спомен обележјата во Катлановско Блаце и во касарната „Страшо Пинџур“, почит и од министерот за одбрана Јолевски, делегација од Генералштабот, од локалната самоуправа.
Очевидецот на настанот Цветан Јовановски се присетува на трагедијата, која вели, вечно остане во меморијата на жителите од овој крај.
Скопското обвинителство истрагата ја затвори кон крајот на 2011-та година, без кривична одговорност, со образложение дека необученоста на пилотите за управување во сложени временски услови и лошото време биле главните причини за уривањето на армискиот МИ-17.
Игор Панов
