950 илјади евра поддршка за рамномерен регионален развој

12.01.2016 16:22

Владата со Германското друштво за меѓународна соработка го потпишаа договорот за рамномерен регионален развој. Со 950.000 евра ќе се поддржат проекти во осум плански региони во земјава. Целта е развивање софтверско решение и унапредување на законската рамка за регионален рамномерен развој за да се надминат диспаритетите меѓу регионите.

Со 950 илјади евра ќе се поддржи рамномерниот регионален развој во 8 плански региони во земјава. Со парите треба да се намалат нерамноправностите и да се зголеми учеството на бизнисите во донесувањето одлуки на регионално ниво. 

Проектот се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и со Германското друштво за меѓународна соработка. Оттаму велат дека Македонија направила добар напредок во насока на намалување на регионалните разлики.

Директните средства кои се наменети за оваа програма во 2016-та, споредено со 2014-та година се зголемени за пет пати, од 1 милион на 5 милиони евра. Подржани се над 420 проекти од сите осум плански региони, реализирани повеќе од 400.

За рамномерен регионален развој во годинашниот буџет се обезбедени 300 милиони денари, двојно повеќе од лани.

 

Дијана Ценевска