Континуитет на матичните ординации

21.01.2014 16:52

Смртта на д-р Милорад Ристовски е причина правно повеќе да не работи гинеколошката ординација „Шемини медикал“ во поликлиниката Чаир, иако во неа се вработени втор доктор гинеколог и неколку медицински лица.  Шест илјади пациентки сега се прашуваат зошто ординацијата не може да продолжи да работи со вториот доктор.

„Прво му бев пациентка на докторот што почина, на Милорад, па потоа се префрлив кај д-р Илија. Сакам да ви кажам, многу добар доктор е, не знам што се случи, зошто остана без работа“, вели анкетирана пациентка.

 Работите мора да се менуваат, вели Ибраими. Тој  веќе една недела, освен своите пациенти, ги лекува и пациентите на починатиот колега.

„Јас ги презедов, има пациентики пред породување, има пациенти со проблеми, ако јас не ги преземам, кој ќе ги преземе“, објаснува лекарот Нухо Ибраими.

Овој случај  ја отвора потребата за промена на законите за здравство и здравствено осигурување, велат од Здружението на приватните лекари. Иницијативата со предлог-решението веќе е доставена до надлежните институции.

„Нашето барање е се да е на ПЗУ, а не на матичен доктор. За да имаме задоволни доктори, за да имаме задоволни осигуреници, да не се ликвидираат фирми според некој закон којшто не ги создал, а ги затвора“, рече д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватните лекари.

Чолакова тврди дека сега е крајно време за акција, зашто во време на позитивни реформи во здравствениот систем, вакви пропусти создаваат несигурност кај вработените во приватните здравствени ординации и кај нивните пациенти.

Дијана Иванова