Далноводите санирани, ЕВН работи на локалните мрежи

12.01.2016 17:12

Како што информираат од компанијата, екипите сега работат на дефектите на низок напон во повеќе планински селски населби, каде што недостасува некоја фаза во снабдувањето со електрична енергија.

Екипите на ЕВН успеале да ги санираат прекините на 10 киловолтно напонско ниво  предизикани во текот на ноќта и утрово поради силниот ветер кој во одредени региони достигнувал  брзина поголема од 100 км/час.

Како што информираат од компанијата, екипите сега работат на дефектите на низок напон во повеќе планински селски населби, каде што недостасува некоја фаза во снабдувањето со електрична енергија.

Интензивно се работи на електричната мрежа во подпелистерските села во битолско, тетовско, прилепско, кичевско. Се работи на дистрибутивната мрежа која води кон Ќафасан и Калишта во струшко, во реонот на Китка во скопско. Се поправаат и водовите кон населените места: Врбјани, Годивје и Издеглавје во охридско.

Од ЕВН велат дека очекуваат набрзо сите населени места каде што имало прекин во снабдувањето да добијат електрична енергија.

 

Свето Николовски