Забрана за тешки товарни возила на правците Гостивар - Кичево и крак Маврово - Дебар

13.01.2016 08:44

Забрана за движење на тешки товарни возила воведена е и на патниот правец Гостивар – Кичево, соопшти Автомотосојузот на Македонија...

Поради интензивни врнежи од снег, забрана за движење на тешки товарни возила воведена е и на патниот правец Гостивар – Кичево, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Претходно АМСМ информираше дека утрово  поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.