Со европски пари ќе се зајакнува задругарството

13.01.2016 10:19

Со пари од европските фондови ќе се бараат начини за зајакнување на земјоделското здружување во македонија. Конкретни мерки за реализација ќе треба да се обезбедат со скенирањето на состојбите преку ИПА 2 проектот...

Големиот број земјоделски стопанства и малите имоти се главно пречките кои не дозволуваат да се произведува повеќе, поквалитетно и со пристојни цени. Дел од овие проблеми треба да се реши преку задругарството.

Два милиони евра од европскиот ИПА фонд кои се наменет за рурален развој ќе се искористат за поддршка на земјоделските задруги.

Веќе се избрани експерти од Италија кои ќе предложат конкретни мерки за консолидирање на задругите и изградба на сопствени ладилници и откупно-дистрибутивни пунктови.

За мотивираноста за здружување во задругите според земјоделците може да влијае и поддршката од комерцијалните банки за нивните проекти инивното финансирање.

Досега се формирани вкупно 19 задруги што според проценките е под посакуваното ниво и потребите за поефикасно производство.

 

Методија Трајков