Вечер е Стара нова година, а утре Василица
13.01.2016 10:35
Според обичаите, семејството за Стара нова година се собира на зедничка трпеза и се крши пита или погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната Нова година, која почнува утре на Василица.
Според обичаите, семејството за Стара нова година се собира на зедничка трпеза и се крши пита или погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.
По повод Православната нова година и празникот Обрезание господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена Света Василиева литургија.
