Пад на светските берзи, 2016-та стартува лошо за инвеститорите

13.01.2016 10:41

Акциите имаа силен пад, но инвестициските банкари препорачуваат трпение, а аналитичарите на „Дојче банк“ се обидуваат да ја смират состојбата...

Новата година за инвеститорите на берзите низ целиот свет почна прилично лошо. Акциите имаа силен пад, но инвестициските банкари препорачуваат трпение, а аналитичарите на „Дојче банк“ се обидуваат да ја смират состојбата со објаснување дека се работи за вообичаен „празничен“ пад и прогнозираат смирување на состојбата.

Но „Кралската банка на Шкотска“ ги советува своите клиенти да се подготват за „катаклизмична година“.

Според анализата на банката, главните берзи би можеле да „потонат“ за една петтина, а цената на нафтата може да падне дури на 16 долари за барел.