Змјите- членки на ЕУ ја заоструваат регулативата за мигрантите

13.01.2016 10:44

Данскиот парламент ќе расправа денеска за предлог- законот според кој на мигрантите ќе им бидат одземани скапоценостите за да го платат престојот во центрите за азил.

Членките на ЕУ ја заоструваат регулативата за мигрантите. Данскиот парламент ќе расправа денеска за предлог- законот според кој на мигрантите ќе им бидат одземани скапоценостите за да го платат  престојот во центрите за азил.

Се очекува предлог-законот да биде усвоен, бидејќи данската влада обезбеди мнозинство во парламентот за тоа прашање.

Со него е предвидено данските власти да можат да запленат пари од мигрантите, ако сумата е над 1.340 евра, како и поединечни предмети чија сума е поголема од предвидената.

Нема да бидат одземани само бурмите и другите предмети кои имаат сентиментална вредност.