Вештачки снег на скијачките терени
Македонија нема услови да развива зимски туризам бидејќи нема доволно снег на планините, смета професорот од Универзитетот за туризам и менаџмент, Мијалче Ѓорѓиевски. Според него, требa многу повеќе да се вложува во подобрување на инфраструктурата, во сместувачките капацитети ако сакаме да ги привлечеме странците да ја посетат Македонија.
-Да направиме спа центри , велнес центри како во земјите од опкружувањето, вели универзитетскиот професор Мијалче Ѓорѓиевски.

За да се слушне повеќе за Македонија како туристичка дестинација, треба повеќе да се посвети внимание и на промоција и маркетинг, порачуваат туристичките работници.
-Настапуваме на светските штандови и саеми, но тоа не е доволно. Најдобра реклама се самите туристи, вели Мартин Петковски, сопственик на туристичка агенција.
Владата крои стратегија за решавање на проблемот. Вештачко езеро и вештачки снег се плановите за во иднина. Преку туристички развојни зони ќе се подобруваат инфраструктурата и сместувањето.
-АД Елем излезе со акциски план, планираат да инвестираат на Попова Шапка од 20 до 30 милиони евра во наредните години, рече Ваљон Сарќ'ини, министер за економија .
Според последните статистички податоци до ноември лани, бројот на странски туристи се зголемил за 13,4% споредено со претходната година. Најбројни биле туристите од соседните земји, Грција, Србија и Бугарија.
Дијана Ценевска