Идентификуван бомбашот самоубиец кој во Истанбул усмрти 10 луѓе

13.01.2016 12:31

Во меѓувреме турската полиција спроведе голема антитерористичка акција во пет градови при што се уапсени 59 луѓе, меѓу нив и тројца Руси, осомничени за поврзаност со Исламска држава...

28-годишниот Набил Фади од Саудиска Арабија го извршил вчерашниот терористичкиот напад во Истанбул, при што десет луѓе загинаа, петнаесетмина беа повредени.

Во меѓувреме турската полиција спроведе голема антитерористичка акција во пет градови при што се уапсени 59 луѓе, меѓу нив и тројца Руси, осомничени за поврзаност со Исламска држава и за учество во подготовките на терористичкиот напад.

Конфискувани се документи и компакт дискови.