Координативното тело со превентивни мерки по најавите за нов снежен бран

13.01.2016 13:05

Интервентните екипи се подготвени за дејствување во случај на поообилни врнежи и за помош на евентуално отсечени села. Апел до граѓаните да ги користат бесплатните телефонски линии во случаи на временски неприлики.

Најавените врнежи на снег за време на викендот и ниските температури кои се очекуваат следната недела повод за состанок на Кризниот штаб. Интервентните екипи се подготвени за дејствување во случај на поообилни врнежи и за помош на евентуално отсечени села. Апел до граѓаните да ги користат бесплатните телефонски линии во случаи на временски неприлики.

На состанокот, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, биле разгледувани превентивнте мерки што треба да ги преземат сите надлежни институции за обезбедување на соодветна опрема и механизација на критичните патни правци со цел да се овозможи безбеден и непречен сообраќај на возилата.

Препорака до градоначалниците- директно да се вклучат во расчистување на сите патни правци за кои тие се надлежни и доколку имааат потреба да се обратат до надлежните институции за помош.

МВР да ги засили контролите на патните правци каде се очекува поголем интензитет на снежни врнежи.

Возачите да ги почитуваат првилата за носење на зимска опрема и да се придржуваат кон најавите за забрана на движење на патните правци, а воедно да ги информираат службите на АМСМ за било каков прекин на сообраќајот.

Од Координативното тело апелираат до сите граѓани и институции редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.