„Кондоте“ заинтересирана за нови инвестиции во земјава
Компанијата задоволна од условите за бизнис, заинтересирана за нови инвестиции во земјава...

На Ештеричка река е изградена првата мала хидроцентрала од планираните четири. Инвестиција на италијанската компанија „Кондоте“. Со 19 милиони евра продолжува и изградбата на другите три хидроцентрали.
Компанијата задоволна од условите за бизнис, заинтересирана за нови инвестиции во земјава. На средбата со министерот за економија Незири, станало збор и за Чебрен и Галиште и за патот Скопје- Блаце.
„Електраната на Ештеричка река, над Пробиштип, е готова и ќе стартува со работа зимава, додека останатите три, две на Зрновска река во Кочанско и една на Кадина река во Скопско, се во различни фази од градба. Посебно радува фактот што иако компанијата влегува со само 19 милиони евра, претставува потенцијален инвеститор кој ќе продолжи да вложува во Македонија“, истакна министерот Незири.
Претседателот и сопственик на „Кондоте“ Дучо Асталди изрази задоволство од соработката со македонските надлежни институции и истакна дека компанијата е заинтересирана за нови инвестиции во земјава.
