Отчет на Министерството за животна средина
Преку ИПА програмата се реализирани 40 проекти за пречистителни станици, канали за собирање фекална и атмосферска вода и колектори за отпадни води во вредност од околу 30 милиони евра.

Министерството за животна средина и просторно планирање со отчет за направеното во изминатава година. Преку ИПА програмата се реализирани 40 проекти за пречистителни станици, канали за собирање фекална и атмосферска вода и колектори за отпадни води во вредност од околу 30 милиони евра.
Се планира годинава да започнат со градба пречистителни станици за отпадни води во Радовиш, Кичево и Струмица, како и проширување на канализационите мрежи во Берово и Куманово, изјави Нурхан Изери, министер за животна средина и просторно планирање.
Ќе се работи и на проект за поквалитетен воздух во Скопје и Тетово. Во рамките на овој проект веќе се започнати индикативни мерења на тешките метали со што до крајот на април годинава ќе се утврдат изворите на загадување на воздухот.
