Објавен оглас за грант за самовработување

13.01.2016 13:35

Оваа мерка досега дала најдобри резултати зашто со нејзино користење се основани над 7.700 нови фирми во земјава, а сите заинтересирани можат да се пријават во центрите за вработување...

Од 11 до 29 јануари е во тек огласот на Агенцијата за вработување  за аплицирање за добивање грант за самовработување. Оваа мерка досега дала најдобри резултати зашто  со нејзино користење се основани над 7.700 нови фирми во земјава, а сите заинтересирани можат да се пријават во центрите за вработување.

„За годинава се планира основање и создавање нови 920 компании или отворање на 1.000 нови вработувања. Средствата во висина од 207 милиони денари се наменети за основање на компаниите и за набавка на опрема и репроматеријали“, изјави заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски информира дека над 73 проценти од малити бизниси кои се на ваков начин финансирани до 2014 година се активни. Над 85 проценти од учесниците кои формирале фирма, како што рече, иако некои од нив затвориле фирма, се вработени на друго работно место.