Цената на барел сурова нафта падна под 30 долари

13.01.2016 14:02

Цената на нафта од типот брент за испорака во март на лондонскиот пазар падна за 3,73 насто, до ниво од 30,69 долари за барел, додека за февруарските испораки цената падна за 4,08%.

За првпат по 12 години цената за барел сурова нафта на берзите синоќа падна под 30 долари. Според аналитичарите причина се загриженоста на инвеститорите  од презаситеност на глобалниот пазар и зајакнувањето на американската валута.

Цената на нафта од типот брент за испорака во март на лондонскиот пазар падна за 3,73 насто, до ниво од 30,69 долари за барел, додека за февруарските испораки цената падна за 4,08%.

Цените на „црното злато“ паѓаат  подолго време, пред се поради заситеноста на пазарот и високото ниво на производство. Аналитичарите  стравуваат-  дали побарувачката ќе расте доволно брзо за да го надмине нивото на понуда, што би довело до стабилизирање на цената на нафтата?