Италијанската компанија „Кондоте“ ја изгради првата хидроцентрала, се градат уште три
Изградена е првата мала хидроцентрала лоцирана на Ештеричка река од планираните четири, инвестиција на италијанската компанија „Кондоте“. Со 19 милиони евра продолжува и изградбата на останатите три хидроцентарли. Компанијата е задоволна од условите за бизнис...

Изградена е првата мала хидроцентрала лоцирана на Ештеричка река. Инвеститор е италијанската „Кондоте“. Во моментов, оваа компанија гради уште три мали хидроцентарли - две на Зрновска и една на Кадина река. Инвестицијата изнесува 19 милиони евра. Производството на струја од обновливи извори треба да донесе поевтина електрична енергија.
„Првата електраната на Ештеричка река, над Пробиштип, е готова и ќе стартува со работа зимава, додека останатите три, две на Зрновска река во Кочанско и една на Кадина река во Скопско, се во различни фази од градба“, изјави министерот за економија, Беким Незири.
Италијанската градежна компанија ангажира локални фирми. Според надлежните, со ова го помогнала регионалниот развој. Со „Кондоте“ веќе се преговара да се вклучи во проектите Чебрен и Галиште и патниот правец Скопје- Блаце.
„Ние сме многу задоволни од рамката што ја изготви македонската Влада за странските инвеститори. Нашата компанија е многу заинтересирана за натамошни инвестиции во земјава“, изјави претседателот и сопственик на „Кондоте“, Дучо Асталди.
Италијанската градежна компанија на македонскиот пазар влезе во 2013-та година. Има традиција повеќе од 130 години и гради инфраструктурни проекти на сите континенти.
Дијана Ценевска
