Подобрени условите за престој на мигранти во кампот во Гевгелија

13.01.2016 15:38

Поставени се осум нови контејнери со затоплување за сместување на мигрантите до нивно заминување кон северната граница, како и 10 нови тоалети, а збогатена е и понудата на храна и облека.

Условите за престој на мигрантите во Прифатниот транзитен центар - Гевгелија континуирано се подобруваат со внесување нови содржини.

Поставени се осум нови контејнери со затоплување за сместување на мигрантите до нивно заминување кон северната граница, како и 10 нови тоалети, а збогатена е и понудата на храна и облека.

Според најавите, до крајот на оваа недела во рамки на кампот ќе проработи и кујната. Кампот доби уште 10 нови монтажни ИКЕА куќички за сместување на дел од мигрантите и за службите во центарот.

Инаку, според најновите информации од УНХЦР, денеска од пристаништето Пиреа во Грција, кон ПТЦ Гевгелија тргнале нови 1.408 мигранти чиј што превоз кон север во последно време се врши исклучиво со воз.