Грк шверцувал 1,5 милиони евра

21.01.2014 17:20

124 чекови со вредност од 1 милион 443 илјади 565 евра фатија македонските цариници на граничниот премин Богородица. Грчки државјанин при влез во Македонија пријавил дека со себе носи само 500 евра. При претрес на неговата чанта, царината ги открила чековите.

- Привремено се задржани 124 чека од грчки државјанин во вкупен износ од над 1 милион и 400 илјади евра. Се разбира, постапката сега е во тек за да утврдиме зошто и како се случувало сето тоа, вели Ванчо Каргов, директор на Царинската управа на Македонија.

Турски државјанин, пак, по вторпат си ја пробал среќата нелегално низ Македонија до Косово да пренесе козметички препарати. Првпат, лани во март бил спречен во намерата да превезе над 42 илјади парчиња лак за коса. Овој пат, во камионот носел фалсификат – козметика на познати брендови.

-Има познати марки. Тука е армани, тука е шанел. Доколку би биле продавани овие 15 илјади парчиња на пазарот и би биле оригинал, тоа би изнесувало околу 9 милиони денари, односно150 илјади евра, додаде Ванчо Каргов, директор на Царинската управа.

Турскиот државјанин ќе треба да плати и глоба.

Согласно со измените на Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост за внесување и транзит на фалсификувана стока, која ќе се потврди за таква, освен одземање, се предвидува и прекршочна пријава со парична казна.

Катерина Давчева