Рестартирањето на „Порцеланка“ го враќа имиџот на Велес како индустриски град
Потпишувањето на договорот со индијците за „Порцеланка“ ја врати надежта меѓу велешани. Жителите очекуваат Велес повторно да стане индустриски град, да се отворат нови работни места. Инвестицијата се проценува на 31 милиони евра...

Потпишувањето на договорот со новиот индиски инвеститор за „Порцеланка“ ја врати надежта кај велешани. Жителите очекуваат да се врати имиџот на Велес како индустриски град. Велат ќе има работа и подобар живот.
„Нека се врати Велес во тоа време кога имаше многу фабрики и работници, да гледаме полни автобуси да одат на работа, тоа ќе биде најубаво и најсреќен ќе биде градот.“
„Многу голема работа. Јас сум невработен,ви кажувам дека тоа многу ќе значи за Велес.“
„Ќе се подобри финансиската состојба на луѓето и ќе има повеќе вработени.“
„Па, тоа е многу убаво за Велес.“
„Многу ќе значи. Затворија толку фабрики, сега нова се отвора“, велат велешани.
Индијците го одбрале Велес поради добрата инфраструктура и квалитетната работна сила. Инвестицијата се проценува на 31 милион евра. Треба да се отворат илјада работни места.
Во „Порцеланка“ ќе изработуваат производи од челик и кујнски прибор од нерѓосувачки челик, производството ќе биде наменето за извоз, на пазарите во Европа, Северна Африка и Блискиот Исток.
Андријана Атанасовска
