Брисел: Бегалците што не ги почитуваат законите да ја напуштат ЕУ
Осврнувајќи се на насилството врз жените за Нова година што во Германија го направија бегалците, Тимерманс истакна дека Унијата не сака да се врати на начинот на кој со жените се постапувало во средниот век.

Бегалците што во Европската унија не ги почитуваат законите на земјата што им дала азил мораат да знаат дека ќе ја загубат меѓународната заштита и ќе ја напуштат Унијата, изјави Франс Тимерманс, потпретседателот на Европската комисија која ги разгледала неопходните мерки за решавање на бегалската криза.
Осврнувајќи се на насилството врз жените за Нова година што во Германија го направија бегалците, Тимерманс истакна дека Унијата не сака да се врати на начинот на кој со жените се постапувало во средниот век.
Комесарите од Европската комисија обрнале особено внимание на побрза примена на мерките за запирање на неконтролираниот прилив на мигранти и заштита на надворешните граници.
