Терористички напад: Серија експлозии и престрелки во Џакарта

14.01.2016 10:22

Седуммина загинати, и десетина повредени во серијата експлозии и престрелки во главниот град на Индонезија, Џакарта. Снајперисти се распоредени во повеќе квартови. Претседателот на државата изјави дека се работи за терористички напади...

Џакарта под полициска опсада. Борбени возила и спајперисти се распоредени на сите крстосници откако во серија терористички напади седуммина загинаа, десетина се повредени. Нападите ги извршиле 14 луѓе кои дошле на мотоцикли. Меѓу загинатите има полицајци и двајца странски државјани. Според локалните жители  престрелките во главниот град се уште траат.

„Слушнав експлозии. Незнаев што се случува. Се исплашив“, вели еден сведок.

Нападите биле извршени на повеќе делови од градот, а бомбаш самоубиец  се разнесол пред тровски центар и кафуле во близина на претседателската палата и канцелариите на Обединетите нации во Џакарта. Според првичните информации, цел на нападот била полициска станица.

Непосредно пред нападите полицијата добила предупредување за можни напади. На граѓаните кои живеат во околината им било наредено да не излегуваат од домовите поради можни нови експлозии.

Претседателот на Индонезија, Видодо нападот го  оцени како терористички чин. Нашиот народ не треба да се плаши, нема да дозволиме тероризмот да не порази. Се надевам дека граѓаните ќе останат смирени, порача шефот на државата.

Нема информации кој го извршил бомбашкиот напад, но Индонезија во последниот период е под закана од страна на исламистичките милитанти, откако полицијата презеде остри мерки против лицата поврзани со Исламска држава.

 

Марија Петковска