Консолидација на земјоделското земјиште
Од вкупното земјоделско земјиште во државава скоро 80 проценти е во приватна сопственост. Поголемиот дел од нив е со просечна големине од 2 и пол хектари што е неповолно за примена на современи агротехнички мерки. Решението е во прегрупирање на земјиштето.

Со два милиони евра од европскиот ИПА фонд ќе се подржува процесот на консолидација на земјоделското земјиште до 2017 година.
Малите и расцепкани површини со просечната големина од 2,5 до 2,8 хектари, се голема слабост на македонското земјоделство што го ограничува обемот на производството, создава дополнителни трошоци и оневозможува примена на современи агротехнички мерки и механизација.
Консолидацијата и во европеките држави сеуште трае бидејќе се работи за чуствителен процес кој навлегува во сопственоста на земјоделците.
Позитивните примери од проектот ќе треба да ја сменат и сегашната недоверба на земјоделците која е многу помала кај помладите фармери.
Методија Трајков
