Груевски за „Лидерс“: Предностите на Македонија
Првиот е да го реализираме планот за членство во НАТО и во Европската унија и да најдеме решение како да го направиме тоа без Грција да го попречи членството во двете организации, вели премиерот Груевски во интервју за американскиот магазин „Лидерс“.

Владата има пет стратегиски приоритети, кои се еднакво значајни. Првиот е да го реализираме планот за членство во НАТО и во Европската унија и да најдеме решение како да го направиме тоа без Грција да го попречи членството во двете организации, вели премиерот Груевски во интервју за американскиот магазин „Лидерс“.
Втората исклучително значајна стратегија е поврзана со економијата, третата цел е одржување добри внатрешни односи. Според Груевски, следниот од приоритетите е поврзан со владеењето на правото, а петтиот е образованието.
Македонија има политичка и макроекономска стабилност, а една од најатрактивните предности што ги нуди државата е што има меѓу најниските трошоци за водење бизнис во европа, оценува македонскиот премиер.
Најголемиот предизвик во економијата, според Груевски е намалување на стапката на невработеност, која сега е до 26 проценти.
