Почна скијачката сезона на Попова Шапка
Спроведени се сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на скијачката сезона, а завршено е и уредувањето и обележувањето на постојните патеки.

Иако нема доволно снег, почна скијачката сезона на Попова Шапка. Традиционално, за сите посетители, скијањето првиот ден е бесплатно.
Спроведени се сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на скијачката сезона, а завршено е и уредувањето и обележувањето на постојните патеки. Во функција се двете жичници „Церипашина“ и „Свети Илија“.
Од утре ќе важат вообичаените цени за ски билетите. Дневниот ќе чини 900 денари, полудневниот билет 600, а ноќното скијање ќе чини 500 денари. Сезонскиот билет е 10 илјади денари.
За сместување на гостите се подготвени и хотелските капацитети.
