Случај „Пуч“: Рочиштето одложено за втори март
14.01.2016 11:17
На Јанева и на нејзиниот тим судот ќе им отстапи просторија во која во период од пет работни дена обвинителите ќе се запознаваат со материјалите.

Рочиштето за случајот „Пуч“ е одложено за втори март. Специјалната обвинителка Катица Јанева побара одложување, за да има време како што рече, целиот тим да направи увид во доказите, а потоа да одлучат кој обвинител ќе го застапува предметот.
На Јанева и на нејзиниот тим судот ќе им отстапи просторија во која во период од пет работни дена обвинителите ќе се запознаваат со материјалите.
Во случајот „Пуч“ меѓу останатите обвинети е и лидерот на опозицијата Зоран Заев кој е обвинет за вршење насилство врз највисоките државни функционери.
