Меѓународната коалиција против ИД на состанок во Париз
14.01.2016 11:37
Според францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан, силите минатата ноќ погодиле комуникациски центар на Исламска држава во Мосул.

Членови на меѓународната коалиција предводена од САД против исламска држава, идната недела во Париз ќе имаат состанок.
Според францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан, силите минатата ноќ погодиле комуникациски центар на Исламска држава во Мосул.
Тој идната недела ќе биде домаќин на неговите колеги од САД, Велика Британија и од Германија,при што ќе се прецизира стратегија за борба против ИДИЛ.
