„Акомпласт“ почнува со изградба на фабриката во зоната во Прилеп

14.01.2016 11:53

Пред да почнат да ги градат погоните во слободната зона, германците стартуваа со браунфилд инвестиција од градот. Инвеститорот најави дека ќе вложи неколку милиони евра и ќе отвори 250 работни места...

Почнува изградбата на новата фабрика на германски „Aкомпласт“ во слободната економска зона во Прилеп. Попладнево се поставува камен – темелник на новиот објект за производство на пластично моделирани делови за автомобили.

Пред да почнат да ги градат погоните во слободната зона, германците стартуваа со браунфилд инвестиција од градот. Инвеститорот најави дека ќе вложи неколку милиони евра и ќе отвори 250 работни места, а рече и дека е задоволен од поддршката што ја добива и од квалификуваната работна сила.

На почетокот на изградбата на новите погони е најавено присуство на премиерот Груевски. За три дена ова е трета инвестиција во земјава, по онаа во велешка „Порцеланка“ и новиот германски инвеститор „ГЕС“ во Бунарџик.