Поповите застанаа меѓу рововите во Киев

21.01.2014 17:37

Бог да и е напомош на Украина – е првата мисла по денешните сцени на улицата „Хрушчевски“ во Киев. Вистинска војна се водеше во текот на ноќта, а взори се смири кога свештениците застанаа меѓу двете страни.

Ни студот од -10 степени ни забраната за протести не ги натераа Украинците да се повлечат. Вкопани во рововите, демонстрантите со шлемови и со гас-маски и полицијата под полна опрема се одмеруваат. Вината се бара кај другите, но и власта и опозицијата и Москва и Брисел се согласни – ситуацијата излезе од контрола.

„Не ги поддржувам овие методи, но Јанукович не сака да го слушне народот со убаво, па во очај се обидоа да го натераат“, изјави опозиционерот Јуриј Луценко, поранешен министер за внатрешни работи на Украина.

„Сите мои пријатели и семејството го поддржуваат протестот, никој не сака жртви“, вели демонстрантот Олег.

„Верувам дека повиците за разумност на опозициските лидери, особено на Кличко, покажуваат дека ситуацијата излегува од контрола“, рече Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Неколку членови на европскиот парламент побрзаа на плоштадот без да бидат повикани  да учествуваат во антивладините протести, обвинува Лавров. Но приказната на опозицијата е друга – јуришот го почнале „титушките“, платени од власта да ја дискредитираат опозицијата со насилства. Има извештаи за судири меѓу опозициските активисти и хулиганите, а Кличко лично разоружил, притворил и испитал двајца „титушки“. Во ноќешната минивојна на Евромајданот не се избираа средства – од петарди, молотови коктели и шок гранати до средновековни катапулти. Повредени се над 200 луѓе, меѓу кои и 26 новинари, а уапсени се 31 лице.

Ивана Салтировска