Лидерот на Ал Каеда најави освета на Саудиска Арабија и Западот
14.01.2016 11:56
Во порака на интернет лидерот повика да се интензивираат нападите за да се ослободат од расипаниот режим.

Лидерот на Ал Каеда, Ал Завахири денеска ги повика џихадистите да ги нападнат Саудиска Арабија и Западот како освета за погубувањето на четириесетте екстремисти.
Во порака на интернет лидерот повика да се интензивираат нападите за да се ослободат од расипаниот режим.
Саудиска Арабија на 2-ри јануари егзекутираше 47 луѓе обвинети за нападите на Ал Каеда.
