Тројца Американци добитници на рекордниот џекпот од 1,5 милијарди долари

14.01.2016 12:00

Претставник на Лотаријата изјави дека трите тикети со добитната комбинација се продадени во три различни сојузни американски држави - Калифорнија, Флорида и Tенеси, но засега се знае само дека еден од тикетите е продаден во едно од предградијата на Лос Анџелес.

Тројца Aмериканци ќе ја поделат рекордната премија од 1,5 милијарди долари од последното извлекување на лотаријата на САД.

Претставник на Лотаријата изјави дека трите тикети со добитната комбинација се продадени во три различни сојузни американски држави - Калифорнија, Флорида и Tенеси, но засега се знае само дека еден од тикетите е продаден во едно од предградијата на Лос Анџелес.

Ова е досега убедливо најголемата премија на Американаката лотарија во историјата на САД.

Претходно, рекордната премија беше извлечена во март 2012 година, кога изнесуваше 656 милиони долари.