Од почетокот 2016-та издадени над 24 илјади потврди за азил

14.01.2016 12:05

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-10.841, Авганистан-8.678 и Ирак-4.596.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.600 странски државјани, од кои 692 се од машки пол, 361 се од женски,  542 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и пет деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-929,  Авганистан–432 и Ирак-239.

Од почетокот на годинава 24.118 странски државјани, од кои 10.197 се од машки пол, 5.163 се од женски, 8.671 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 87 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-10.841, Авганистан-8.678 и Ирак-4.596.

Во истиот период, до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.