Терористички напади во Џакарта по примерот на Париз, уапсени четири лица
Полицијата соопшти дека состојбата е под контрола. Уапсени се четворица, исто толку се ликвидирани од 14-те напаѓачи кои дошле на мотоцикли. Полицијата потврди дека зад нападите стои терористичка организација од Индонезија, која е поврзана со Исламска држава.

Терористички напад по примерот со нападите во Париз. Координирани експлозии во повеќе делови од градот, но овој пат жртви и повредени во главниот град на Индонезија, Џакарта. Борбени возила и спајперисти се распоредени на сите крстосници откако изутрината во серија експлозии седуммина загинаа, десетина се повредени. Полицијата соопшти дека состојбата е под контрола. Уапсени се четворица, исто толку се ликвидирани од 14-те напаѓачи кои дошле на мотоцикли. Полицијата потврди дека зад нападите стои терористичка организација од Индонезија, која е поврзана со Исламска држава.
„Слушнав експлозии. Незнаев што се случува. Се исплашив“, вели еден сведок на нападите.
Претседателот Видодо нападот го оцени како терористички чин. Нашиот народ не треба да се плаши, нема да дозволиме тероризмот да не порази. Се надевам дека граѓаните ќе останат смирени, порача шефот на државата.
Серијата терористичките напади продолжуваат и во Турција. Пет лица загинаа, а 39 се ранети синоќа при експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во градот Чанар. Од силната експлозија се урнале еден ѕид од полициската станица и дел од соседна станбена зграда.
Регионалната управа на Дијарбекир соопшти дека две лица загинале пред полициската станица, а три ги загубиле животите при уривањето на зградата. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но властите обвинија дека ова е дело на припадниците на Курдската работничка партија.
Полицијата соопшти дека уапсила седуммина осомничени, дека биле дел од организацијата во нападите во Истанбул.
Марија Петковска
