Евркомесарот Хан утре во Македонија
Еврокомесарот ќе ја повтори нивната одговорност за спроведување на договорот и потребата од обезбедување услови за веродостојни избори според усогласените рокови, стои во соопшението на Еврокомисијата.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан доаѓа утре во Македонија, потврдија од Еврокомисијата во Брисел. Тој ќе разговара со сите засегнати страни околу спроведувањето на политичкиот договор од 2 јуни и од 15 јули, со кој се стави крај на политичката криза во земјава.
Еврокомесарот ќе ја повтори нивната одговорност за спроведување на договорот и потребата од обезбедување услови за веродостојни избори според усогласените рокови, стои во соопшението на Еврокомисијата.
Работната група, пак составена од претставници на четирите најголеми политички партии денеска ги продолжуваат преговорите за медиумите, како и за правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список.
Средбите на политичката работна група ќе се одржуваат се додека не се постигне договор, се наведува во писмената изјава на Питер Ванхауте.
