До 31-ви март да се достават барања за легализирање дивоградби

14.01.2016 13:59

Досега се издадени преку 140.000 решенија, од кои преку 46.000 во Скопје. Општина Илинден е меѓу водечките во Македонија со легализирани 75 отсто...

До 31-ви март годинава сите заинтересирани да поднесат барања за легализација на дивоградбите, апелира министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Мисајловски присуствуваше на доделувањето решенија за легализација во Општина Илинден, каде беа доделени преку 30 одобренија за легализирање дивоградби, за семејни домувања, гаражи...  Во оваа општина досега се легализирани 75% од бесправно изградените објекти.

„Досега се издадени преку 140.000 решенија, од кои преку 46.000 во Скопје. Општина Илинден е меѓу водечките во Македонија со легализирани 75 отсто или три четвртини од бесправно изградените објекти. Како Влада обезбедивме можност до 31-ви март да може секој граѓанин да достави барање за легализација на својот дом или објект кој бил изграден до 3-ти март 2011 година“, изјави министерот Мисајловски.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, соопшти дека по донесувањето на измените, со кои се пролонгира рокот за доставување барања, досега се примени нови 80 барања за легализација, што значи дека има интерес кај граѓаните за легализација на објектите.