СЗО: Епидемијата на ебола официјално завршена
14.01.2016 14:55
Во Гвинеја и Сиера Леоне веќе беше прогласено дека вирусот го нема.

Двегодишната епидемија на ебола официјално е завршена, соопшти Светската здравствена организација. Последната земја каде што е направен негативен тест на ебола е Либерија.
Во Гвинеја и Сиера Леоне веќе беше прогласено дека вирусот го нема. Според официјалните бројки, еболата одзеде над 11 илјади животи, но се верува дека бројот е многу поголем.
