Почнува изградбата на фабриката на „Акомпласт“

14.01.2016 15:07

По „Гентерм“, уште една компанија влегува во слободната економска зона во Прилеп. Германската „Акомпласт“ почна да ја гради новата фабрика. Инвестицијата од 3 милиони евра треба да отвори 150 работни места. Ќе се произведуваат автомобилски делови за светските марки...

Германски „Акомпласт“ по „Гентерм“ е втора компанија што ќе гради во слободната економска зона во Прилеп. Поставен камен темелник на новиот објект за производство на пластично моделирани делови за автомобили.

Пред да почнат да ги градат погоните во слободната зона, Германците стартуваа со браунфилд инвестиција. Најавија дека ќе вложат три милиони евра и ќе отворат 150 работни места.

Следна цел е фабрика за автомобили, велат надлежните. За три дена ова е трета инвестиција во земјава, по онаа во велешка „Порцеланка“ и новиот германски инвеститор во „Бунарџик“.