Анкета: Мнозинството граѓани не сакаат одложување на изборите

14.01.2016 16:11

Мнозинството граѓани смета дека не треба да се одложат предвремените избори, закажани за 24 април – ова го покажува последното телефонско истражување на институтот „Павел Шатев“. За испитаниците, ВМРО-ДПМНЕ е попосветна од СДСМ во однос на исполнувањето на договорот од Пржино. Анкетата е спроведена од 10 до 13 јануари, на 1.025 испитаници...

Со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани за тоа која од двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, подобро би се справила со одредени политички предизвици, ставот за предвремените избори во април и изборот на иден премиер, институтот „Павел Шатев“ спровел анкета на ниво на целата држава.

73,3 проценти од граѓаните сметаат дека изборите не треба да се одложат, а 15 проценти рекле дека изборниот процес не треба да се одржи во април.

Која партија е по посветена во исполнувањето на договорот од Пржино и одржувањето на изборите во април- 55,7 отсто од испитаниците сметаат дека по посветена е ВМРО-ДПМНЕ, додека 24,8 проценти одговориле дека тоа е СДСМ.

На која партија може да и се верува дека ќе ги исполни предизборните ветувања- високи 58,3 проценти одговориле дека може да и се верува на ВМРО-ДПМНЕ, додека 21 процент довербата ја дале на СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ, 64,1 процент одговориле дека тоа е партија која знае да ја води економијата и да креира нови работни места, додека 19,9 проценти сметаат дека Социјал- демократите се подобри во оваа област.

Институот „Павел Шатев“ телефонското истражување го  спровел од 10-ти до 13-ти јануари на 1.025 испитаници од сите шест изборни единици во земјава. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,5 %.

 

Миле Ристески