Рочиштето за „Пуч“ одложено за 2-ри март
Специјалната обвинителка, Катица Јанева седна во обвинителското столче во случајот „Пуч“. Рочиштето се одложи на нејзино барање, за, како што вели, да имаат доволно време да направат увид во доказите. Во овој случај, како четвртообвинет, е лидерот на СДСМ, Зоран Заев...

Катица Јанева прв пат седна на обвинителското столче откако стапи на фунцијата – специјален јавен обвинител и го презеде случајот „Пуч“. Крајот на декември извршиле увид во доказите, но, тоа време не било доволно за целосно да се проучи предметот. Побара судот да отстапи просторија каде во интервал од пет дена обвинителите ќе се запознаат со судските списи. Судијката пред да го одложи рочиштето, потенцираше дека доказите не може да се изнесуваат од судот, но дека на обвинителството ќе му бидат ставени на располагање.
Лидерот на Социјал-демократите Зоран Заев е четвртообвинет. Неговите бранители не се противеа на барањето на обвинителството – судењето да се одложи.
Случајот „Пуч“ опфаќа шестмина обвинети на кои им се суди за шпионажа и за вршење насилство врз највисоките државни функционери.
Анита Димитријевска
