Групацијата “Амфенол” ќе вработи 1.500 луѓе
Американската групација “Амфенол” ја пикираше Македонија како дестинација за нивната нова инвестиција. Од Кочани ќе произведуваат автомобилски компоненти за европскиот пазар. Во рок од пет години најавуваат вработување на 1.500 луѓе. Се решиле за Македонија, иако скенирале и други земји.
“Има три причини зошто инвестиравме во Македонија. Прво, тоа е висококвалификуваната работна сила, второ поддршката што ја добиваме од државните институции и трето, тука е многу лесно да се води бизнис”, изјави Џон Тренор, потпретседател на Амфенол

Компанијата 3,5 месеци работи во изнајмен објект на Атом Кочани и веќе вработува 70 луѓе. Тренор вели дека во овој период не се соочиле со никакви проблеми, што била доволна причина за нивниот нов бизнис-потфат.
Годинава планираат да ангажираат од 250 до 350 работници. Во првата фаза ќе вложат шест милиони евра, сума што ќе се зголемува согласно со инвестициската динамика. Првиот контакт со американската компанија бил остварен на владините роуд-шоуа.
“Ова е уште една нова компанија која доаѓа во Македонија како резултат на добрите бизнис-услови што ги нудиме, и која поради позитивно искуство се решила за нова инвестиција, што е многу позитивно за процесот на привлекување нови странски инвестиции”, изјави Никола Груевски, претседател на Владата на Р. Македонија
Групацијата “Амфенол”, освен во делот на автомобилската и телекомуникациската индустрија, е присутна и во енергетиката и авиоиндустријата. Во глобални рамки, Амфенол има речиси 40 илјади вработни и остварува годишни приходи од околу 4 милијарди долари.
Мартин Пушевски