Груевски до граѓаните: По временото повлекување огромна ќе биде победата заедно со вас на следните избори
Премиерот писмото со времената оставка ќе ја достави до Собранието, како што кажа, бидејќи навршуваат стоте дена пред 24 април, денот за кој е договорено да се одржат предвремени парламентарни избори и оти тоа е влезено во закон.

Претседателот на Владата Никола Груевски во вечерашното обраќање до јавноста истакна дека утре изутрина до претседателот на Собранието ќе испрати писмо со времено повлекување на функцијата претседател на Владата, која ќе биде ефективна на сто дена пред официјалниот датум на избори.
Утре изутрина до претседателот на Собранието ќе го испратам моето писмо со оставка на функцијата претседател на Владата, која ќе биде ефективна на сто дена пред официјалниот датум на избори, рече премиерот.
Премиерот писмото со времената оставка ќе ја достави до Собранието, како што кажа, бидејќи навршуваат стоте дена пред 24 април, денот за кој е договорено да се одржат предвремени парламентарни избори и оти тоа е влезено во закон.
Јас стојам и зад тој дел од договорот. Сакам конечно да се остави сета незивесност, да се остават сите проблеми, конфликтност зад нас, сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива, истакна Груевски.
Оваа времена оставка, потенцира тој, „ја покажува силата на нашето убедување и вербата во демократијата“.
Целото обраќање на премиерот Никола Груевски, погледнете го на следниот ЛИНК
