Еврокомесарот Хан во Скопје на средби со партиските лидери

15.01.2016 08:53

Австрискиот дипломат, на средбите ќе ги потврди преземените обврски со Јунско–јулскиот договор, кои се однесуваат на важноста на спроведувањето на итните реформски приоритети, на кои се обврзаа политичките лидери.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, денеска доаѓа во земјава на средба со претставниците на четирите партии, потписнички на договорот од Пржино. Пред да допатува во Скопје, испрати порака од Брисел- „да се обезбедат услови за веродостојни избори, според веќе договорените рокови“.

Австрискиот дипломат, на средбите ќе ги потврди преземените обврски со Јунско–јулскиот договор, кои се однесуваат на важноста на спроведувањето на итните реформски приоритети, на кои се обврзаа политичките лидери.

„15-ти јануари е клучниот рок од политичкиот договор, чија имплементација е важна за владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека најважните елементи од договорот ќе бидат решени пред, или за време на мојата посета, со што ќе и се овозможи на изборната комисија да спроведе веродостојни избори, според договорената временска рамка“, се вели во соопштението од Хан.