Заев: Императив на договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес
Според лидерот на опозициската партија, изјавата на Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови од Договорот од Пржино.

Императив на Договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес- изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по обраќањето на премиерот, Никола Груевски. Според лидерот на опозициската партија, изјавата на Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови од Договорот од Пржино.
„Денешната изјава на Никола Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови на Договорот од Пржино и дека тој е причина за политичката криза во Македонија. Императив на Договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес и тоа мора да се реализира“, изајви лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Заев ги повика сите граѓани на Македонија заедно да ја вратат слободата, демократијата, правдата и европските вредности во земјата.
„Ве повикувам, сите граѓани на Република Македонија, заедно, економски да ја кренеме Македонија. Слободна Македонија со Владата предводена од СДСМ ќе биде од народот, со народот и ќе работи за народот“, рече Заев.
Според Заев, ова е почеток на крајот на една недемокарска власт.
Игор Панов
