МВР: За 24 часа издадени 3.062 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.931, Авганистан–664 и Ирак-467.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.062 странски државјани, од кои 1.212 се од машки пол, 687 се од женски и 1.163 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.931, Авганистан–664 и Ирак-467.
Од почетокот на годинва досега, издадени се потврди на вкупно 27.180 странски државјани, од кои 11.409 се од машки пол, 5.850 се од женски, 9834 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 87 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-12.772, Авганистан-9.342 и Ирак-5.063.
Во истиот временски период до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
