Скандал во Атина

21.01.2014 18:18

Авионот што ја превезува официјалната делегација на сириската влада на мировната конференција „Женева 2“  во Швајцарија бил задржан на атинскиот аеродром бидејќи, како што се вели, грчките власти одбиле да го наполнат со гориво. Според сириските дипломати, доцнењето ќе влијае и врз средбите што делегацијата од Сирија треба да ги оствари пред почетокот на конференцијата. Неименуван портпарол од цивилното воздухопловство за агенцијата „Франс прес“ изјавил дека „има проблем со горивото којшто наскоро ќе се реши и авионот ќе летне“.

Авионот што ја превезува официјалната делегација на сириската влада на мировната конференција „Женева 2“  во Швајцарија бил задржан на атинскиот аеродром бидејќи, како што се вели, грчките власти одбиле да го наполнат со гориво. Според сириските дипломати, доцнењето ќе влијае и врз средбите што делегацијата од Сирија треба да ги оствари пред почетокот на конференцијата. Неименуван портпарол од цивилното воздухопловство за агенцијата „Франс прес“ изјавил дека „има проблем со горивото којшто наскоро ќе се реши и авионот ќе летне“. На конференцијата во Женева  ќе се сретнат делегациите на сириската влада и опозицијата под покровителство на меѓународниот преговарач Лахдар Брахими.