Русија не отстапува од гасоводот „Турски поток“
15.01.2016 12:02
Според рускиот министер за енергетика Александар Новак, Европската комисија и министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ веќе ја разгледуваат можноста за изградба на гасоводот.

Русија не отстапува од „Турски поток“. Подготвена е да го изгради гасоводот доколку за тоа посоти интерес од страна на Турција и ЕУ.
Според рускиот министер за енергетика Александар Новак, Европската комисија и министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ веќе ја разгледуваат можноста за изградба на гасоводот.
Турција досега официјално не донесе одлука за повлекување од проектот. Реализацијата на „Турски поток“ беше стопирана во рамки на одлуката на Русија за воведување „специјални економски мерки“ кон Анкара поради соборувањето на рускиот авион.
