Австрија, Германија и Словенија разговараат за ограничување на влезот на мигрантите
15.01.2016 12:04
Словенечки медиуми јавуваат дека планот предвидува тие земји заеднички да го надгледуваат мигрантскиот бран на границата на Словенија и Хрватска.

Австрија потврди дека дека се во тек преговори со Германија и Словенија за ограничување на влезот за мигранти во тие држави.
Словенечки медиуми јавуваат дека планот предвидува тие земји заеднички да го надгледуваат мигрантскиот бран на границата на Словенија и Хрватска.
Засега нема политичка одлука иако за конкретните преговори на полициите на трите држави потврди и австриското министерство за внатрешни работи.
Австриската полиција очекува новите мерки да се применуваат од крајот на овој месец.
