Мисајловски: Од 2010-та досега изградени и реконструирани повеќе од 404 локални патишта

15.01.2016 13:23

Комплетно се завршува проектот за изградба и реконструкција на локалната патна мрежа во Република Македонија.

Од 2010-та до денеска се изградени и реконструирани се повеќе од 404 локални патишта или преку 740 километри патна инфраструктура, во вредност од околу 65 милиони евра, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Комплетно се завршува проектот за изградба и реконструкција на локалната патна мрежа во Република Македонија.

„Оваа година ќе бидеме фокусирани на патната инфраструктура, пред се изградба на пет нови експресни патишта со проценета вредност од околу 330 милони евра. Сите годинава ќе се почнат да се работат, а паралелно ќе се работат и автопатите “, соопшти Мисајловски, нагласувајќи дека сите граѓани ќе имаат придобивка од реализацијата на експресните патишта.

Министерот Мисајловски заедно со градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, денеска ја пуштија во употреба улицата „Горно Лисиче“, во должина од 1,6 километри.

Во 2016 година ќе продолжиме заедно со Министерството за транспорт и врски и Владата да работиме на целосна реконструкција на улиците во Горно Лисиче и во општина Аеродром, рече Коневски. Во општината целосно се завршени претходно најавените 48 локални патишта.