Еврокомесарот Хан на средби со лидерската четворка
15.01.2016 13:11
Пред почетокот на средбите, еврокомесарот изјави дека е оптимист и, како што рече, очекува добар ден. Пред неговото доаѓање во Скопје беше дециден, дека роковите од договорот од 2-ри јуни и 15-ти јули треба целосно да се испочитуваат од потписниците.

Во резиденцијата на Европската унија во Пржино, во тек се одвоените средби на еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан со лидерската четворка. Пред почетокот на средбите, еврокомесарот изјави дека е оптимист и, како што рече, очекува добар ден.
Пред неговото доаѓање во Скопје беше дециден, дека роковите од договорот од 2-ри јуни и 15-ти јули треба целосно да се испочитуваат од потписниците.
Зоран Богатинов, ги следи средбите на Хан со политичките лидери.
