Потреба од измена на Законот за заштита на сведоци

15.01.2016 13:47

Специјалното јавно обвинителство со детали за средбата со тројката европаратеници- Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан...

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела, поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, предводено од Катица Јанева, со детали за средбата со тројката европаратеници- Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

Се разговарало за потребата од измена на Законот за заштита на сведоци, но и како што велат од обвинителството, за недоволната соработка со судот.

Од Специјалното обвинителство велат дека од Судот побарале на увид повеќе архивирани предмети, но оттаму добиле одговор дека е потребно увидот во списите да биде извршен во судот.

Во однос на примените материјали од СДСМ, од Специјалното обвинителство велат дека се постапува согласно со законските прописи, а тоа што не е направен записник во моментот на предавањето на материјалите, не било пропуст, бидејќи како што велат, се работело за содржина од сензитивен карактер. Повеќе детали не соопштуваат.